Денес, на 12-тата седница на Советот на Општина Чаир, сите советници беа опремени со службени лаптопи, во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на работата на Советот. Овој чекор има за цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците.
Седницата, предводена од претседателот на Советот, Мухамед Муртези, се одвиваше со разгледување на повеќе точки од значење за институционалното функционирање и развојот на општината. На дневен ред, меѓу другото, беа разгледани прашања поврзани со формирање Комисија за проценка на штети од природни непогоди, како и Програмата за финансирање на поставување, реконструкција и модернизација на лифтови на територијата на Општина Чаир за периодот 2026–2028 година.






