Предводникот на американската дипломатија во земјата Јess Baily, големиот пријател на Македонија и силен подржувач на нашиот пат кон евро-атланските итеграции денес ја посети Општина Чаир, каде реализираше работен состанок со Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
Ваквите работни средби се од големо значење за единиците на локалната самоуправа бидејќи создаваат предизпозиции и нов хоризонт за зајакнување на ефикасноста во нивното функционирање.
Во текот на овој состанок, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го извести амбасадорот Бејли за актуелната состојба на Општина Чаир, за ангажираноста и конкретните чекори кои ги презема новото нејзино раководство со цел на поефикасен начин да бидат во служба на граѓаните. Тој истотака му се заблагодари на американскиот амбасабор за неговата посветеност и подготвеност за да ги слушне предизвициите на еден градоначалник во раководењето со општините, како и за силната поддршка и помош која секогаш ја дава за успешно справување со секојдневните предизвици на локалната самоуправа.
Амбасадорот на САД во Македонија г-дин Jess Baily му се заблагодари на Градоначалникот Ганиу за организираниот пречек охрабрувајќи го него и целата структурна организација во патот кон исполнување на мисијата за навремено и квалитетно исполнување на нивните институционални обврски. Тој вети безрезервна и поголема поддршка во процесот на изградба на едно сеопфатно општество кое на ист начин ќе ги третира сите нејзини граѓани