Општина Чаир прогласува ден на жалост по повод смртта на пејачот Шпат Касапи
Денес, на 4-тата вонредна седница на Советот на Општина Чаир, беше донесена одлука за прогласување на ден понеделник, 1 декември 2025 година, за ден на жалост на територијата на нашата општина. Оваа одлука ја одразува длабоката жал и почит на нашата заедница по ненадејната смрт на пејачот Шпат Касапи, сакан уметник кој остави трајни белези на албанската музичка сцена.
Во вторник, 2 декември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во Албанскиот театар во Скопје ќе се одржи комеморативна седница, на која заедно со граѓаните, пријателите и љубителите на уметноста ќе го изразиме нашето почитување кон неговото дело и придонес.
Исто така, книгата за сочувство ќе биде отворена во театарот од вторник до петок, со можност сите граѓани да остават порака со своето сочувство.
Одлуката за денот на жалост стапува во сила на денот на нејзиното објавување во Службениот гласник на Општина Чаир.
