Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари официјална средба со Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Скопје.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сенационалните врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во интерес на двете држави.

Во рамки на посетата, министерката Спиропали и градоначалникот Меџити положија цвеќе пред споменикот на Скендербег во знак на почит кон неговата историска визија и европската ориентација на Албанците. По тој повод беше повторно нагласено дека иднината на Албанците е во Европската Унија, како заедница на демократски вредности и успешен модел на институционална, културна и политичка интеграција.

Посетата на министерката Спиропали во Чаир испрати јасна порака за политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание од страна на албанската држава кон Албанците во Северна Македонија. Средбата го потврди заемниот интерес за понатамошно зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на заедничките вредности.