Работната недела ја завршуваме одбележувајќи го Меѓународниот Ден на Мирот и по тој повод го промовиравме новиот парк во населбата Дижонска.

Прекрасниот дизајн со цвеќиња засадени од екипите на ЈП “Паркови и Зеленило“ – Скопје уште повеќе го разубавија паркот во кој ние како општина поставивме урбана опрема која ќе биде во служба на жителите од оваа населба.

Голема благодарност за присуството на неговата екселенција, амбасадорот Река, Министерот за екологија г-дин Дураку, градоначалникот на Град Скопје, г-дин Шилегов, пратениците, директорите на јавните претпријатија, советниците од Советот на Град Скопје и сите оние кои беа присутни и ја поддржаа ова активност!