Со посебна вечер посветена на корчанските серенади, исполнета со емоции, традиција и безвременска музика, беше затворено првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“. Во автентичниот амбиент на Сули ан, публиката уживаше во настапите на реномирани уметници, кои во Скопје го донесоа духот на една од најубавите традиции на албанската музика.

Во текот на четирите фестивалски вечери, Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ понуди разновидна уметничка програма, обединувајќи различни култури, музички традиции и уметници од повеќе земји. Со своето прво издание, фестивалот означи значаен чекор во збогатувањето на културниот живот на Скопје и ги постави темелите на нова традиција, која има за цел да стане препознатлив дел од културниот календар на градот.