Во населбата Стари Чаир продолжуваат работите за реконструкција на тротоарите, како дел од инвестициите за подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците. Увид во текот на работите изврши претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби.
По завршувањето на реконструкцијата на тротоарите, ќе следува и асфалтирање на улицата, со што целосно ќе се заокружи инфраструктурната интервенција во овој дел на Стари Чаир.





