ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ
Потпроект: Промоција на чаршиски туризам во општина Чаир
Потпроект бр: LRCP-1/17-SG-5
Наслов на договорот: Градежни работи за реконструкција на фронтални излози на дуќани и калдрма во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“
Референтен бр.: LRCP-1/17-SG-5-NCB/1 – 2
ЛОТ 1
Идентификационен број на набавката: LRCP-1/17-SG-5-NCB/1
КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА ФРОНТАЛНИ ИЗЛОЗИ НА ДУЌАНИ ВО СПОМЕНИЧКАТА ЦЕЛИНА „СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА”
ЛОТ 2
Идентификационен број на набавката: LRCP-1/17-SG-5-NCB/2
КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА КАЛДРМА
Општина Чаир доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија (aдминистриран од Светска банка) и има намера дел од добиените средства од овој подгрант да ги искористи за плаќања по договор за: Градежни работи за реконструкција на фронтални излози на дуќани и калдрма во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“
Кабинетот на Заменик Претседателот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори/Општина Чаир објавува покана за доставување на запечатени понуди од прифатливи понудувачи за реконструкција на фронтални излози на дуќани и калдрма во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“.
Процесот на понудување ќе се спроведе согласно методот “Национално јавно наддавање” согласно Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011 година, ревидирано јули 2014 година („Упатства за набавки“) и е отворен за сите прифатливи понудувачи како што е наведено во Упатствата за набавки. Исто така, погледнете ги параграфите 1.6 и 1.7 за политиката на Светска банка за судир на интереси.
Заинтересираните прифатливи понудувачи можат да добијат дополнителни информации од Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност во текот на работното време од 09:00 до 16:00 часот на адресата дадена подолу.
Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу. Електронско наддавање нема да биде дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат јавно отворени во присуство на назначени претставници на понудувачите и сите што ќе изберат да присуствуваат на адресата дадена подолу во 09.04.2019 во 11:00 часот.
Сите понуди мора да бидат придружени со Гаранција за понуда во износ:
За ЛОТ 1: МКД 100.000
За ЛОТ 2: МКД 170.000
Сите заинтересирани понудувачи можат да ја подигнат целокупната тендерска документација на македонски јазик на адресата наведена во точка 8 од ова барање.
Адреса за контакт и доставување на понудите е:
Единица за спроведување на проектот
„Проект за локална и регионална конкурентност“
ул. Мирослав Крлежа бр.60/1, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3280 457
E-пошта: sasko.badzukov@lrcp.org.mk
Веб страница: www.lrcp.mk