Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) означи важен чекор во координацијата на заедничките политики на локалната власт. Во текот на работните сесии беа конституирани раководните органи, вклучувајќи го Управниот одбор со 19 членови, со Орце Ѓорѓиевски како претседател и Изет Меџити како потпретседател, како и Надзорниот одбор со три члена.
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, учествуваше на ова собрание, во рамки на кое беа усвоени Стратешкиот план на ЗЕЛС за периодот 2026–2030 година и буџетот за 2026 година, со што се утврдија клучните насоки за дејствување во наредниот период. За време на дискусиите беше нагласена важноста од зајакнување на улогата на локалната самоуправа и меѓуопштинската соработка.
