Ганиу и Шаќири се сретнаа со директорите на основните училишта од Општина Чаир

55
Денеска во ООУ „Имри Елези“, грдоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со директорите на образовните институции но и со претставници од Сектор за Образование во општина Чаир, како и со пратеничката Мерита Коџаџику остварија средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
– Со министерот разговаравме за развојот на образовниот процес во секоја наша институција и дека постојано се трудиме да бидеме во чекор со времето во однос на унапредување на образованието. Во оваа прилика појаснив и дека нашите училишта се меѓу најуспешните не само на локално ниво туку и низ државата, пред се со оглед на достигнувањата на учениците кои се меѓу првите на различни регионални и државни натпревари, изјави Ганиу.
Тој напомена дека Општина Чаир постојано обрнува големо внимание и на условите во кои се одвива оваа едукација и следствено се реновирани речиси сите училишта, а во некои училишта пак ќе се започне со реновирање во наредните недели. И директорите на училиштата и градинките имаа можност да ги објаснат сите достигнувања, но и предизвиците кои ги имаат во секојдневниот развој на воспитно-образовниот процес. Во меѓувреме, министерот Шаќири од своја страна се заложи дека секогаш ќе биде на страна на развивање на што поуспешен и попрогресивен образовен процес во општина Чаир.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе