Средношколците од Чаир кои вчера беа прогласени за шампиони на натпреварот со светско реноме NASA Space Apps Challenge со креирање на најдобрата национална апликација, денеска ги пречека градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу со потпретседателката Сермине Пурини.
Учениците во придружба на директорот на СОУ „Зеф Љуш Марку“, Фарук Зеќири каде учат децата и менторот Ндерим Нагавци, координатор на Центарот на млади во Чаир – YCCC, објаснија како успеале да ја креираат националната апликација која беше прогласенa за најдобra меѓу голем број натпреварувачки екипи.
Учениците Јасир Идризи, Кренар Ахмети, Дијар Селами, Ендрит Шаќири и Анди Ганиу го добија правото да го посетат вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Соединетите Американски Држави со освојување на првото место на NASA Space Apps Challenge.
-За време на денешната средба ги охрабрив младите да продолжат по овој пат и ги убедив дека со тоа што создадоа ваква важна апликација препознаена од самата НАСА, ќе бидат неоспорен фактор за создавање на што посветла иднина за целото општество, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.