Основното училиште “ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ (Рајко Жинзифов)” од Скопје е основано во 1945 година. Во почетокот работело со 201 ученици и со 4 просветни работници. Зградата во која се изведувала наставата била мала со 4 училници и се наоѓала во местото „Стара нова бања“. Со тек на времето училиштето се проширило, а во 1971 година преминало во нова училишна зграда во населбата Топанско Поле во општина Чаир, на улица Методија Митевски каде се уште работи.
Општината Чаир се наоѓа во северниот дел на град Скопје, се граничи на југ со општина Центар, на запад со општина Карпош, на исток со општина Гази Баба и на север со општина Шуто Оризари и Бутел.
Дворната површина на училиштето изнесува вкупно 11.426 м2. Површината на првиот кат со салата изнесува 2350 м2, а површината на вториот кат изнесува 1.356 м2. Вкупната површина на училишната зграда изнесува 3706 м. Вкупната површина по ученик изнесува 3,94 м2.
- Име на училиштето: ООУ ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ
- Адреса: Методија Митевски бб, Скопје 1000 СРМ
- Директор: Теута Имери
- Официјален телефон: +389 2 262 1458
- Електронска е-пошта: info@ismailqemali.edu.mk
- Верификација - акт број: 15-22-15
- Година на верификација: 1945
- Наставен јазик: Албански, Македонски и Турски јазик
- Година на градба: 1945
- Вид на градба: Цврста градба
- Површина на објектот: 11426 m2
- Површината на училишниот двор: 2350 m2
- Површина на спортски терени и сали: 1000 m2
- Училиштето работи во смени: 2 смени
- Начин на загревање на училиштето: Централно греење
- Број на класи: 1-9
- Број на паралели: 36
- Број на образовна рамка: 54
- Број на ученици: 459