Зајакнувањето на односите со меѓународните партнери и поддршката на каузите што го промовираат мирот и солидарноста се меѓу главните приоритети на Општина Чаир. Во овој дух, градоначалникот на Општина Чаир денеска ја пречека во официјална средба амбасадорката на Украина, г-ѓа Лариса Дир, со која разговараше за континуираната соработка и безрезервната поддршка за Украина и нејзиниот народ.

За време на средбата беше истакната важноста на солидарноста и заемната помош, особено во овие предизвикувачки времиња за Украина. Градоначалникот ја потврди непоколебливата поддршка на Чаир за Украина и осудата на секоја форма на агресија, како и неговата посветеност за активно придонесување во оваа насока.

Во овој контекст, беше потсетено и на инугурацијата на Паркот „Украина“ во Чаир, јасен симбол на пријателството и солидарноста што нашите граѓани ја споделуваат со украинскиот народ.

Општина Чаир останува посветена на развојот на меѓународните односи и поддршката на каузите што промовираат мир, слобода и солидарност меѓу народите.