Улицата „Ферид Мурати“ во Топаана го доби првиот слој асфалт, како дел од активностите за подобрување на патната инфраструктура. Текот на работите на терен го следеше претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби.
Во рамки на овој инфраструктурен зафат веќе е изграден кружниот тек во близина на Основното училиште „Исмаил Ќемали“, кој ќе придонесе за подобро регулирање на сообраќајот и поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.






