По одлуката на Општина Чаир и апелот до граѓаните за реализација на акцијата за отстранување на сите поставени огради околу зелените површини, веќе првите позитивни ефекти на совесно постапување почнаа да се гледаат.
Така неколку граѓани одлучија да ја почитуваат одлуката основана на закон и лично пред Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја тргнаа поставената ограда.
Изразуваме благодарност за ваквиот примерен гест на почитување на законот и јавниот ред и ги охрабруваме и другите граѓани на општината да го почитуваат фактот дека зелените површини се општо богатство кое им припаѓа на сите. Истотака, потсетуваме дека сите кои нема да извршат отстранување на оградите ќе се соочат со законските казни и оградите ќе бидат отстранети од страна на општинскиот инспекторат.