Во Општина Чаир денес беше откриена таблата со новото име на улицата „Јусуф Грвала“, која се наоѓа на влезот од Старата чаршија. Таблата беше откриена од страна градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу заедно со министерката за надворешни работи на Република Косово, Доника Грвала и истовремено ќерка на деецот Јусуф Грвала, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, пратеничката од редовите на ДУИ , Мерита Коџаџику, потпретседателката на Алијансата за Албанците и истовремено општински советник, Бујаре Абази, претседателот на огранокот на АА во Чаир, Зуди Кока, директорот на Здравствениот дом-Скопје, Бесим Кока, членот на Централното претседателство на ДУИ и поранешен претседател на Лигата на Бошњаците и пратеник во два мандата, Рафет Муминовиќ, заменик секретарот на Град Скопје, Азиз Максути, Бесник Ајети, координатор на групата на советници на ДУИ во Град Скопје, како и директори на училишта и граѓани.

Во оваа прилика, Ганиу изрази благодарност и задоволство за учеството на министерката Грвала во чинот на откривањето на новото име на улицата.

Тој потсети и дека со поставувањето на името на Јусуф Грвала во оваа улица на Општина Чаир, секој ден ќе се сеќаваме на деецот кој толку многу го сакаше пишувањето, убавите зборови и музиката. “Јусуф Грвала, исто така, имаше посебна врска со Скопје, бидејќи долго време работеше како новинар токму тука“, рече Ганиу.

Министерката за надворешни работи на Република Косово, Доника Грвала, во меѓувреме се заблагодари за овој чин со кој беше почестен нејзиниот татко, деецот Јусуф Грвала.
Таа ја посети и Старата скопска чаршија и застана кај муралот на плоштадот Скендербег, каде се наоѓа и фигурата на Јусуф Грвала.