Денес во општина Градоначалникот на Општина Чаир г.Ганиу го пречека Боречкиот Клуб “Лирија“ на кој им честита за постигнатите успеси, додавајќи дека тие се најдобри амбасадори на нашата општина во светот.

Градоначалникот им вети поддршка и ангажман и во иднина, помагајќи го континуитетот на нивните успеси на меѓународна сцена.

Во средба со Претседателот на Боречката Федерација на Македонија, г-дин Бетим Вранези, Потпретседателот на Боречкиот клуб “Лирија“ г-дин Ахмет Адеми и тренерот на клубот г-дин Суфјан Исмаили тие го известија Градоначалникот дека Боречкиот Клуб “Лирија“ во последниот Светски Шампионат за јуниори кој беше одржан од 19-23 септември 2018 година во Трнава, Р. Словакија со нивни претставници за јуниори, Фатих Весили, го освои петтото место во светот.
Исто така во последниот шампионат за јуниори на Македонија кој се одржа во Студеничани на ден 23.09.2018, 4 борачи од боречкиот клуб “Лирија“ се прогласија шампиони на Македонија, истовремено Боречкиот клуб “Лирија“ четврта година по ред се прогласува за победник на купот во Македонија. Во пионерската балканијада одржана во Сараево од 07-10 септември 2018 година, младиот борач Реџеп Поцеста го освои второто место а другиот борач од истиот клуб Бесир Алили го освои првото место за кадети.

Ние како општина континуирано работиме во создавање на што подобри услови за спортистите, првин инвестирајќи во уредувањето на спортската инфраструктура.