Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека денес во Општина Чаир потпретседателот на Советот на Градот Бурса и воедно претседател на Федерацијата на Румели Заедницата (RUDEF) OD Турција г-дин Şuayip Toprak и советникот во Советот на Општина Osmangazi г-дин Ibrahim Toprak.

Во текот на овој многу пријателски состанок тие дискутираа околу можноста за соработка со општините на Градот Бурса. Градоначалникот Ганиу го потенцираше сериозното залагање на општината за почитување на вредностите на турската заедница. Во врска со ова изјави дека респектот кон сите националности е основниот предуслов за успех бидејќи како градоначалници пред се сме избрани да ги претставуваме и работиме за сите наши жители без разлика на нивната етничка припадност.

Од многу почитуваната делегација Ганиу слушна мотивирачки зборови и совети, како и доби безрезервна поддршка во соочувањето со следните предизвици.