Денес, градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу реализираше заедничка средба со занаетчиите и сопствениците на дуќаните во Стара Скопска Чаршија, каде што од поблиску ги запознаеше за главните активности, нивниот тек како и за временските рокови за заокружување на проектот кој има за цел промоција на туризмот во Стара Чаршија.
Главните активности на проектот се конзервација и санација на калдрмата и дуќаните, замена на излозите на дуќаните како и дигитална промоција на културното наследство на Чаршијата.
Проектот е финансиран од ЕУ управуван од Светската Банка, Општина Чаир и Кабинетот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, и исто така се имплементира од Општина Чаир.