ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ЧАИР
Кризниот штаб на Општина Чаир за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење ги донесе следните заклучоци:
Се упатува известување до нерегистрираните земјоделци на територијата на Општина Чаир кои имаат земјиште или штала кои е потребно да ги извршат земјоделските работи за време на Полицискиот час во текот на продолжениот викенд (Сабота Недела и Понеделник – 18,19,20 Април 2020), задолжително да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Чаир на следната електронска адреса info@cair.gov.mk или да достават барање до архивата на Општина Чаир, најдоцна до Четврток (16.04.2020) до 14:00 часот и да ги исполнат следните критериуми:
– имотен лист за земјоделското земјиште или штала или
– договор за закуп.
- Да ги посочат почетната и крајната дестинација на движење
- Да одредат временски интервал на излегување и враќање којшто не може да биде подолг од еден час.
Барањето во електронска форма можете да го превземете во следниот ЛИНК.
Со почит