По повод празникот на Албанската Азбука Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, заедно со претставници од Одделението за образование и предучилишно воспитание на Општина Чаир, донираа 150 комплети со книги во сите основни училишта на територијата на општината.
Основната цел на донацијата е збогатување на библиотечниот фонд во училиштата, место каде што се описменуваат нашите поколенија и на тој начин го прошируваат нивниот хоризонт на знаење во духот со најдобрите традиции на светската и европската цивилизација. Истотака, Градоначалникот Ганиу го искажа неговото посебно задоволството за ентузиазмот на учениците на О.У. “Конгреси и Манастирит“ кои празничната еуфорија која ја создаваат Ноемвриските празници на албанскиот народ најдобро ја пренесоа преку одлично организираната манифестација.