Една година мандат – Извештај на Градоначалникот Ганиу

115

Почитувани граѓани на Општина Чаир,

Помина една година откако ја добив вашата доверба за раководење со нашата општина. Основајќи се на принципот на отчет и транспарентност како основа на етичкиот кодекс на локалните функционери, го претставувам пред вас Извештајот за едногодишната работа. Уште од самиот почеток на мојот мандат ми беше приоритет да одговорам на гласот на вашите барања чие извршување беше неодложно и предвидено во последните две страни од програмата насловена “Договор со граѓаните“, а се однесуваа на подобрување на патната инфраструктура (асфалтирање на улиците и бекатонизирање на тротоарите), подигнување на нивото на јавна чистота, создавање на зелени површини и нови забавни паркови за деца.

Сакајќи да дадам детален извештај за сработеното во текот на овој многу краток период ќе ги набројам сите реализирани активности:

• Асфалтиравме 2500 м2 улици под надлежност на Општина Чаир за една година, саниравме тротоари во должина од 800 м2 со асфалт и странично санирање во должина од 500м;
• Саниравме тротоари со бекатон од 2500 м2 и странично санирање со бекатон 500м;
• Го добивме грантот од Светска Банка за реконструкција на калдрмата во Старата Скопска Чаршија и за развој на туризмот (унифицирање на излозите на дуќаните);
• Аплициравме за кредит во Светска Банка за финансирање на проектот за соларните панели во објектот на Општина Чаир, основните училишта и детските градинки;
• Во соработка со организацијата Хабитат го започнавме проектот за енергетска ефикасност на колективните згради;
• Заврши процесот на подготвување на проектот за изградба на кружни тека на раскрсницата помеѓу ул. Кемал Сејфула и бул. Втора Македонска Бригада, како и на раскрсницата која ги поврзува ул. Џон Кенеди и ул. Христијан Тодоровски Карпош;
• Создадовме нови паркови во населба Топанско Поле и Стар Чаир заедно со Јавното Претпријатие “Паркови и зеленило“;
• Поставивме урбана опрема во новите паркови (корпи за отпадоци и парковски столчиња)
• Проектот за изградба на новата трибина на Ф.К. “Шкупи“ го направивме дел од Буџетот на УЕФА за 2019 година;
• Го подржавме успехот на нашите спортисти финансирајќи го нивното учество на спортски натпревари;
• Создадовме 2 фитнес зони на отворен простор;
• Создадовме нови патеки за велосипед долж булеварот “Втора Македонска Бригада“;
• Помогнавме и соработувавме за реализација на проектите на невладините организации и организациите за третирање на лицата со посебни потреби;
• Организиравме концерти за одбележување на важните датуми и заедно со делегацијата со високи државни функционери од нашата држава, Албанија и Косово го обележавме денот на Албанската Азбука со претставување на симболот на буквите “АBC“ во Плоштадот Скендербег;
• Реализирани се масовни акции на чистење на територијата на Општина Чаир од страна на сезонските работници;
• Редовно одржување на уличното осветлување;
• Реализирани се акции за кастрење на гранките и сечење на опасните и стари дрвја на ул. Џон Кенеди, ул.Македонска Косовска Бригада, ул. Христијан Тодоровски Карпош и Паркот на Чаир. Застарените дрва во Паркот на Чаир се претворени во уметнички дела – дрвени куќишта;
• Ангажман на општинскиот инспекторат за отстранување на нелегалните продавачи од јавниот простор каде се движат граѓаните;
• Уредување на булеварот во близина на Бит Пазар со воспоставување на нова такси станица, садење на дрвја, поставување на столбови за попречување на паркирањето низ тротоарите и дислокација на продавачите на цвеќиња;
• Дизајнирање на нова двојазична веб страна како ефикасен механизам на транспарентност и комуникација со граѓаните. Создавање на услугата “Контактирај ја Општината“ каде граѓаните можат директно да ги постават нивните барања.

2019 година ќе биде продолжение на нашата динамична работа и реализација на овие ветувања:

– Изградба на новата детска градинка “Бамби“
– Изградба на училишниот базен
– Реконсктрукција на спортската сала “Партизан“
– Изградба на новата општинска библиотека
– Изградба на нова читална
– Изградба на катна гаража
– Воспоставување на еднонасочен сообраќај во населба Топанско Поле, Гази Баба и Стар Чаир;
– Изграда на други предвидени кружни тека, како и други проекти.

Секогаш во ваша служба и посветени за подобрување на квалитетот на вашиот живот.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе