Во просториите на Основното Училиште “Исмаил Ќемали“ денес се одржа еко манифестација за значењето на еколошката акција за селектирање и рециклирање на отпадоците.
Претставникот на Општина Чаир, портпаролот Куштрим Ала во неговиот говор изјави: “Во времето кога се соочуваме со сериозниот предизвик за зачувување на нивото на чистота на нашата животна средина и квалитетот на воздухот, одржувањето на оваа еко манифестација е од огромно значење. Во мислите на децата потребно е да ја засадиме љубовта кон животната средина. Примарен институционален и пред се човечки фокус треба да биде токму третирањето на овие еколошки проблематики и заедничкиот ангажман за нивно решавање а не само политички случувања.
Портпаролот на Општината истотака им се заблагодари на учениците и наставниците за прекрасната манифестација која ја имаа организирано и истотака изрази благодарност до службите на Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ со кои имаат реализирано многу масовни акции за чистење на територијата на Општина Чаир.