Полека но сигурно свеста на граѓаните за зачувување и одржување на животната средина и зелените површини проработува.

За поздравување е денешната активност на жителите на населба Дуќанџик, кои самоиницијативно се организираа нивната населба да изгледа почисто и поубаво за време на празникот,надевајќи дека по празниците овој дел како и сите други исто ќе се одржува.

Истотака голема благодарност до работниците на ЈП “Комунална Хигиена” и ЈП “Паркови и зеленило” кои интервенираа за собирање на отпадот собран од страна на граѓаните.