Почитувани граѓани,

Го проследуваме до вас известувањето дека вашиот кабаст отпад (стари апарати од бела техника, електронски отпад, стар мебел и др.) со сопствен превоз можете бесплатно да го одложите во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.

Доколку имате потреба одлагањето да се изврши со специјалните возила на претпријатието, услугата може да ја побарате на бесплатната телефонска линија 080022233 во ЈП „Комунална хигиена“.

Со почит,
Служба за информирање
Општина Чаир