Ве известуваме дека поради организирање на мини-маратон во Чаир под мотото “Да трчаме за здравје” која ќе се одржи на 05.05.2018 (сабота) од 11:00 – 15:00 часот бараме на улицата “Кемал Сејфула“ возилата да не се паркираат на коловозот на последната лента од двете страни на улицата.

НАПОМЕНА: Ви напоменуваме доколку Вашето возило биде затекнато на споменатата локација во споменатиот временски период ќе биде отстрането од пајак – службата и сопствениците на возилата ќе ги сносат последиците согласно законските надлежности и ингеренции.

Со почит,
Служба за информирање – Општина Чаир