Почитувани граѓани на Општина Чаир,
Парковите се најголемото богатство кои придонесуваат за здравјето на луѓето и претставуваат наша заедничка обврска да се погрижиме за нивното одржување.
Денес, во Паркот на Чаир комуналните служби забележале дека веќе засадените цвеќиња пред извесен период се веќе оштетени. Во паркот истотака се најдени отпадоци коишто ја загрозуваат естетската убавина во оваа средина.
Апелираме до сите граѓани и посетители на овој парк да го заштитат и сочуваат паркот од несовесните акти, коишто придонесуваат до негово оштетување. Исто така апелираме до сите граѓани ваквите случаи да ги пријават до комуналните служби или да се обратат преку нашата фејсубк страница.
Истотака, најавуваме и казни согласно Законот за Јавна Чистота.
Сите заедно за почист и поубав Чаир!