Во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности, по фитнес зоната во населба Топанско Поле, денес Градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу заедно со г. Дарко Каевски – Директор на Агенцијата за млади и спорт, промовираа нова зона за спорт и рекреација во Паркот на Чаир којашто е опремена со 9 справи за вежбање, од кои една справа за лицата со посебни потреби. Ова спортско катче е лесно достапна за граѓаните и истата ќе може да се користи од граѓани на различна старосна возраст.
Покрај оваа фитнес-зона Општина Чаир ќе го уреди и околното зеленило и ќе постави осветлување со цел да добиеме еден убав појас за спорт и рекреација за граѓаните.
Од овие спортски катчиња. бенефит ќе имаат пред се младите, но и останатите граѓани заинтересирани за ваков вид активности коишто придонесуваат да се развијат здравите навики кај граѓаните.