Општина Чаир денес прими донација од 30 стипендии за одличните ученици од основно училиште што потекнуваат од социјално загрозени семејства, од Програмата “Brainobrain“, која е иновативна и меѓународна програма, за развој на интелектуални и животните способности на децата од 4 – 14 годишна возраст, со цел проширување на целосната нивна генијалност користејќи ги максимално нивните менталните способности.

Ова донација е обезбедена по една соработка помеѓу општина Чаир и Програмата “Brainobrain“ во Македонија.

Одделението за образование при Општина Чаир во координација со подрачната единица за социјална работа при Општина Чаир и основните училишта во Чаир ќе го извршат распределувањето на стипендиите.

Голема благодарност до донаторот за овој хуман гест.