Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу денес им подари на Здружението на Доброволни Пожарникари “Бајрам Мифтари“ – Чаир еден пожарникарски камион, донација која ќе и помогне на здружението во зголемување на ефективноста и капацитетот на ова доброволно здружение за интервенција во случај на пожари и други незгоди во Чаир и пошироко.

Ова донација беше реализирана благодарение на хуманитарниот чин и придонесот на нашиот сограѓанин, бизнисменот г-дин Артан Демири, на кого во името на граѓаните на Општина Чаир, Градоначалникот на Општината му се заблагодари.