Заедно со Град Скопје определивме нова локација за продавање на цвеќиња до изградбата на новиот пазар. Трговците се дислоцираа на просторот позади Поликлиника Бит Пазар.
Со заедничка координација на двете институции преземаме важни чекори во насока на подобрување на актуелната ситуација на јавните површини во Општина Чаир каде безбедно треба да се движат граѓаните.Со ослободување на просторот каде порано се одвиваше трговската дејност, се создаваат потребните технички предизпозиции за отпочнување со процесот на уредување на булеварот и изградбата на новата такси станица предвидена на тоа место.
На заедничката прес конференција со Град Скопје, портпаролот на Општина Чаир Куштрим Ала изјави: “Што се однесува до одредената локација треба да се потенцира дека ова претставува само привремено решение кое ќе важи до изградбата на новиот пазар кој ќе поседува просторен капацитет за квалитетно извршување на трговската дејност. На моменталната локација е инсталирано јавно осветлување и се преземени мерки за создавање на оптимални услови за работа. Истотака, преку средствата за информирање двете институции масовно ќе ги информираме граѓаните за новата локација на трговците со цел процесот на купопродажба да се одвива нормално без никакви пречки и застој.“