Во рамките на проектот “Продолжи понатаму“ од Организацијата “Inner Wheel Club Europea“, вечерва во хотелот Holiday Inn, во свечената манифестација, Општина Чаир заедно со неколку други институции и претпријатија, е прогласена за Амбасадор на добрината.
Во име на градоначалникот на Општина Чаир, благодарницата ја прими шефот на кабинетот, г-ѓа Фиснике Осман, која вети дека Општина Чаир секогаш ќе поддржува покренати хуманитарни иницијативи. Овој проект се очекува да се реализира и наредната година, каде Општина Чаир изразува интерес за да продолжи со добри и хумани дела.