Општина Чаир и Друштвото “Пријателите на Америка“ од Косово организираат за учениците литературен конкурс со есеи за Америка. Најдобрите три есеи ќе бидат наградени
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, реализираше денес еден важен работен состанок со делегацијата на Друштвото “Пријателите на Америка“ предводена од страна на нејзиниот претседател г-дин Агим Реџепи во придружба на г-дин Исак Ислами и г-дин Алисетар Рамадани – генерален секретар на Движењето на Албанската Дијаспора за Македонија – САД/Европа.
Како резултат на договорената транспарентна и продуктивна соработка, двете страни за почеток постигнаа договор за организирање на еден литературен конкурс со есеи на англиски јазик на одредена тема која се однесува на Америка, каде учесници ќе бидат сите ученици на основните и средните училишта на Општина Чаир без разлика на нивната етничка припадност. За краток период, ќе биде и официјално објавен најавениот Конкурс.
За првите три места се предвидени овие награди: 250 евра, 150 евра и 100 евра. Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на претставниците на Друштвото “Пријателите на Америка“ за поттикнувањето на творечкиот капацитет кај новата генерација со надеж за реализација на многу други проекти.