“Ти си еден сонцоцвет“ е насловот под која се води сензибилната кампања која создаде радост и безброј насмевки за децата на кои што им е потребна помош.

Албана Османи познатата презентерка на телевизискиот екран на “Top Channel” е иницијатор на ова посебна кампања, која има за цел собирање на средства од различни активности под логото на сонцоцвет, со цел, помагање на децата хоспитализирани на Центарот за Онкологија во Државна Клиника “Мајка Тереза – Скопје“.

Оваа хуманитарна активност се прошири и во нашата земја, односно во Општина Чаир, каде што денеска Градоначалникот на Општина Чаир со неговиот тим ја пречекаа познатата модераторка и ја поддржија нејзината инцијатива за промовирање на социјалната кампања со што и апелираа до сите граѓани да се придружат на ова инцијатива, со купување на маичките со знакот на сонцоцветот. Средствата кои ќе се собираат, ќе бидат наменети за купување на апаратура за третирање на децата во Центарот за Онкологија – Скопје.