Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми од просториите на Основното Училиште “Имри Елези“ и Основното Училиште “7 Март“ во Чаир на сите првоодделенци им посакуваа успешно чекорење на патот кон знаењето.
Тие со задоволство ја следеа манифестацијата организирана од страна на учениците сведочејќи за нивниот ентузијазам на првиот училишен ден. Истотака, на сите наставници им посакаа успешна работа и поддршка во остварувањето на нивната благородна мисија за едуцирање на новите генерации!