Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот на Општина Чаир г.Ганиу оствари работна средба со заменикот министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г. Дејан Павлески и со тим од домашни и странски експерти, која имаше за цел подготовка на анализа на функционалноста на постојната методологија за пресметување на блок дотациите а исто така од страна на експертскиот тим да биде подготвена и компаративна анализа од Велика Британија, Данска, Словенија, Полска и Шведска, со цел да се предложат три модели, заради подобро финансирање и поголема функционалност на општините и подобри локални јавни услуги во областите кои што преку блок дотации се финансираат со средства од централниот буџет.
На средбата се разговараше и за потребата од ревидирање на методологијата за пресметување на блок дотациите, со кои што се финансиират училиштата, детските градинки и установите од областа на културата.