Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денес заедно со Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Талат Џафери, Министерот за Здравство г-дин Венко Филипче, бизнисмени донатори, докторската екипа и активисти на хуманитарни мисии го одбележаа крајот на една успешна хуманитарна кампања иницирана од страна на Фондацијата “Ти си сончоглед“ предводена од неуморливиот мисионер на многуте хуманитарни акции, Албана Османи.

Во неговиот говор по повод овој настан, Градоначалникот Ганиу истакна: “Се чувствувам навистина горд што Општина Чаир заедно со другите институции стана дел од овој хуманитарен триумф која го даде најдобриот плод на надежта, храброста и насмевка на ангелските лица на овие деца во одделот за онкохематологија и му овозможи на овој здравствен дом да има на располагање нова апаратура за поефикасно третирање на крвните заболувања кај овие деца.

Посакувам овие зраци на добрината кои ги стоплија нашите срца да не згаснат никогаш, посакувам радоста на овие деца да биде најважната мисија во нашето индивидуално и институционално функционирање, додека пак нивната насмевка да не потсети секогаш на значењето на животот кој го живееме. Благодарам Албана Османи и вие активисти на фондацијата што направивте да бидеме сите заедно вклучени во светата хуманитарна кауза која ја покренавте. Нека биде вечна вашата работа исто како и пролетта во нашиот живот!“