Сите деца без разлика на нивната етничка припадност имаат право на ист начин да им се радуваат на добрата кои ги носи образовниот процес. За да се влијае во подобрувањето на ситуацијата околу социјалниот третман на децата од ромската етничка припадност, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу склучи договор за соработка со Министерството за труд и социјална работа и Детската градинка “Снежана” за реализација на проектот “Инклузија на децата роми во јавните установи – детските градинки”.
Целите на спроведувањето на овој договор во пракса се: зголемување на актуелниот број на децата роми во детските градинки и искоренувањето на постоечките предрасуди.

#equity