Во присуство на Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Талат Џафери, заменик премиерот за европски прашања Бујар Османи, пратеници и други личности од политиката во земјата се запали светлото на сонцоцветот поставен на Плоштадот “Скендербег“ за официјално да ја прогласиме за отворена хуманитарната кампања “Ти си сонцоцвет“ предводено од познатата презентерка на телевизиските екрани во Албанија Албана Османи и многу други хумани активисти дел од нејзината фондација.
Сите да им се придружиме на оваа акција со достоинство и волја купувајќи ги продуктите изработени со голема љубов и посветеност – маиците со логото на сонцоцвет за да станеме дел од мисијата за олеснување на болките и тешкиот период со кој се соочуваат децата заболени од рак. Финансиските средства собрани од оваа хуманитарна кампања ќе бидат наменети за Одделот на онкогематолоција каде се третираат децата заболени од различни болести на крвта / рак / леукемија.
Стани и ти причина за нивната насмевка и лекување!
Купувај маица со логото на сонцоцвет!