Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денес беше домаќин на турскиот бизнисмен и инвеститор, г-дин Есер Џевахир.
Ганиу информираше дека, Г-дин Џевахир, кој е исто така добро познат во Северна Македонија по капиталните инвестиции на неговата компанија, за време на денешната средба изразил интерес за инвестирање во Општина Чаир.
“Jaс го убедив дека инвестициите како оние на компанијата раководена од г. Џевахир, секогаш се добредојдени за граѓаните на Општина Чаир”, вели Ганиу.