Изразуваме искрена благодарност до невладините организации “Имаго Плус“, “Дневниот Центар за Аутизам“ и организацијата “Во мојот свет“, кои секој ден се причина за среќата на децата со посебни потреби, нивно светло на надежта, придонесувајќи за заштита на нивните природни човечки права за да бидат еднакви, на коректен начин третирани и никогаш дискриминирани.

Изразуваме голема благодарност до овие организации за организирањето на уметничката изложба “Нов културен бран” како завршна активност на кампањата за меѓуетничка и меѓукултурна интеграција на децата со посебни потреби и нивните родители.

Денешната изложба е најдобрата рефлекција на фантазијата, талентот, желбите и сонот на овие деца, нивниот капацитет да се стекнат со нови знаења. Ништо не смее да биде пречка за ограничување на нивниот талент и токму овие уметнички дела кои ги гледаме пред нас треба да ги тргнат штетните и непотребни предрасуди.