Во рамките на УСАИД проектот „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“, на 20 април 2018 година се одржа спортска активност во објектот на СУГС „Зеф Љуш Марку“. На настанот учествуваа 73 ученици од 3то одделение од различни етнички заедници од основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Петар Здравковски Пенко“, 6 наставници и претставници од општина Чаир.