Врз основа на Програмата за финансирање на активности и проекти на НВО и Здруженија и Фондации за 2018 година, (“Службен Гласник на Општина Чаир, бр 4/2018) Општина Чаир објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Чаир за 2018 година наменети за финансирање на проекти и активности на здруженија и фондации за 2018 година во Општина Чаир. Распределбата на средствата e од Буџетот на Општина Чаир за 2018 година, согласно Програмата за финансирање на проекти и активности на здруженија и фондации за 2018 година во Општина Чаир.
Области на проекти кои ќе бидат поддржани:
Социјална Заштита:
- Унапредување на човековите права, еднакви можности, родова рамноправност;
- спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Чаир;
- Унапредување на здравствена заштита и промовирање на здрави стилови на живеење;
- Поддршка на програми за примарна превенција од употреба на дрога;
Култура:
- Унапредување и промовирање на мултикултурниот живот во Општина Чаир;
- Оддржување на разни културни манифестации кои ја промовираат културата во Општина Чаир;
- Иницијативи за културна соработка со други институции и општини од РепубликаМакедонија како и од странство од областа на културата;
- Музичка сценска дејност;
- Издавачка дејност и литература;
Спорт
- Традиционални спортски манифестации и приредби;
- Манифестации од особен интерес за Општина Чаир;
- Промовирање на спортски вредности кај младите и учениците;
Животна Средина
- Зачувување на животна средина;
- Подигање свеста кај граѓаните за животната средина;
- Други активности во врска со животната средина;
Одржлив Економски Развој
- Стимулирање на претприемаштво кај младите;
- Обуки за претприемаштво;
- Инклузија на ранливи групи во пазарна економија;
- Подршка и помош преку едукација и трансфер на знаење за само вработување;
Образование
- Промоција на интегрирано образование
- Организирање на квиз по знаење
- Развој и унапредување на образовниот процес
Користењето на доделените средства ќе бидат наведени со Договорот потпишан помеѓу здружението/фондацијата и Општина Чаир.
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондации кои учествуваат на овој повик се:
- Предложените активности да ги имплементираат во територија на Општина Чаир;
- Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на критериуми.
Покрај Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации која треба да биде пополнета, потпишана од застапникот на здружението или фондацијата и заверена со печат на здружението или фондацијата, здружението или фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
- Статут на здружението или фондацијата;
- Фотокопија од решението за регистрација на здружението или фондацијата;
- Koмпјутерски пополнет Образец;
- Годишен извештај на здружението или фондацијата за 2017 година;
- Фотокопија од завршната сметка за 2017 година;
- Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.
Рок и начин на доставување на пријавите
Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект или манифестација.
Потребните податоци како и предлог проектите и активностите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Чаир или од официјалната веб страница на Општина Чаир www.cair.gov.mk
Јавниот повик трае 10 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
Пријавите треба да се достават до Општина Чаир, преку пошта на адреса: Х.Т. Карпош бр.5 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Чаир до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака Јавен повик за распоредување буџетски средства за финансирање на проекти и активности на здруженија и фондации за 2018 година во Општина Чаир.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!
Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса: info@cair.gov.mk или тел: 02/2616-002