Овие денови Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу, во својство на Потпретседател на ЗЕЛС престојуваше во Брдо – Словенија каде помеѓу 150 претставници на локалната самоуправа и асоцијациите на локалната самоуправа од цела Југоисточна Европа, учествуваше во 13-то собрание на Мрежата на Асоцијациите на Локалната Самоуправа од Југоисточна Европа (НАЛАС), каде меѓу другото се разгледани и актуелни политички теми за улогата и посредништвото на НАЛАС во контекст на стратегиите за проширување на ЕУ.

Исто така, во рамките на генералното собрание на НАЛАС се расправаше и за улогата на локалната власт во управување со кризата на бегалците и со бегалците од регионот и воспоставените цели за издржливиот развој и за социјална инклузија во призма на Агендата 2030, која е усвоена на 25 септември 2015 во специјалниот самит на ОН.

НАЛАС се состои од 14 асоцијации кои претставуваат околу 9.000 локални самоуправи, непосредно избрани од 80 милиони граѓани од Југоисточна Европа. НАЛАС го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за согласување и стабилизација во регионот и во овој контекст придонесува за процесот на европската интеграција од целиот регион.