21 март – Денот на пролетта и екологијата

113
Децата од Чаир со посебна порака – на Денот на екологијата продефилираа со облека од рециклирачки материјали.
Денот на пролетта, но и Денот на екологијата – 21 март денеска го одбележавме на посебен начин.
Со мотото „Јас се грижам за природата, грижи се и ти“ децата од градинките „Фидани“ и „Снежана“, како и од училиштата „Хасан Приштина“, „Имри Елези“, „Исмаил Ќемали“, „ Јашар Беј Шкупи“, „Конгреси и Манастирит“, „Тефејуз“, „Лирија“, „Васил Главинов“ и „7 Март“, од општина Чаир, во соработка со просветните работници, наставниците и нивните родители подготвија дефиле со облека направена од материјали за рециклирање.
Со оваа активност денес нашите малечки дадоа пример и ја пренесоа пораката дека има многу начини на кои може и треба да се зачува животната средина.
Им честитам на сите деца, ученици, наставници, родители и директори на училишта и посакувам ваквите активности никогаш да не престанат.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе