Општина Чаир, продолжува да ги реализира своите предвидени активности за еден подобар и достоинствен живот за своите жители. Овој пат со гостопримство ја примивме помошта од г- дин Зимри Арифи, наш сограѓанин кој живее и работи во Швајцарија. Тој денес донира 6 колички за лица со посебни потреби, кои ќе им помогнат на лицата што полесно да ги извршат своите потреби и слободно да се движат.
Инаку, Општина Чаир, има изготвено Акционен план за лица со посебни потреби, кој е во тек со реализација и кој ги содржи сите елементи и стандарди што како Општина чувствуваме обврска да ги реализираме со единствената цел и оваа категорија на граѓани да се чествуваат слободни и да имаат рамноправен пристап со другите граѓани од Општина Чаир.
Споменатата донација се изврши во соработка со здружението „Шпреса„ која ги избраа лицата кои најмногу имаат потреба за овие колички.
Шефот на кабинетот Г-ѓа Фиснике Осман им се заблагодари на донаторот и на здружението „Шпреса„ за искрената соработка со Општина Чаир, надевајќи се дека оваа донација ќе иницира и други хумани лица да помогнат на различните социјални категории кои имаат потреба за помош.