Да го славиме животот, беше насловен уникатниот настан што денеска го реализираше здружението Езра и со цел да се сензибилизира населението за борбата против ракот на дојка.
На овој настан присуствуваше и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со амбасадорката на 🇺🇸Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција Ангела Агелер, првата дама на државата Елизабета Ѓорѓевска, заменик министерот за здравство др. Владимир Рендевски, еминентни доктори и многу други гости. Беше испратена пораката дека мора да зборуваме и да влијаеме на зголемување на колективната свест за ризикот што го носи ракот на дојка повеќе од еден ден, повеќе од еден месец.
Глобалната борба против ракот на дојката го заслужува вниманието на сите нас.
Здравјето на жената секогаш треба да биде во нашето внимание. Уште повеќе кога се борат со болеста, со страдањето и тагата што таа ги носи.