Како што и ветивме дека веднаш по завршувањето на законските постапки за јавни набавки ќе се започне со изведување на конкретни работи, почнавме поставување на бекатони на дел од улицата “Методија Митевски” во населба Топанско Поле, создавајќи ново и безбедно место за движење на минувачите во таа зона.

Самиот Градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу го набљудуваше извршувањето на работите и побара од извршителот на истите, квалитет во процесот на извршување на работите.

Истотака, по спроведената електронска аукција цената за реализација на работите забележа пад од 50 % од првичната предвидена цена.