Јавното Претпријатије ” Улици и патишта – Скопје” во координација со Град Скопје и Општина Чаир вчера спроведоа акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на повеќе градски улици и булевари во Чаир.
Во вчерашната акција се работеше на булеварите „Цветан Димов“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Втора македонска бригада“, каде што рачно и машински со бела боја беа бележени сообраќајните ленти, пешачките премини и велосипедските патеки на коловозите.
Покрај бележењето на хоризонталната сигнализација, продолжија и активностите за поставување гумени столпчиња на велосипедската патека на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“.