Општина Чаир во координација со Ј.П “Паркови и зеленило – Скопје” денес започна голема акција на косење во нашата општина во која учествуваа 40-тина работници од секторот “Градско Зеленило”.

Акцијата ќе продолжи и викендов и ќе трае сѐ додека се уредат тревниците во општината, кои беа обраснати поради поголемиот број врнежи периодов.